-->
-->
Меркел во Скопје на 8 Септември - Денот на независноста
-->
– Агендата за посетата на германската канцеларка Ангела Меркел се уште не е прецизирана, но нејзиното совпаѓање со македонскиот државен празник 8 Септември само по себе зборува за симболиката, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.Бошњаковски нагласи дека посетите и на Меркел и на австрискиот канцелар Курц се билатерални.
- Агендата за посетата на Меркел веќе се утврдува и кога ќе биде прецизирана, ќе биде и соопштена, истакна Бошњаковски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Тој потврди дека генералниот секретар на НАТО Столтенберг вечер доаѓа во Скопје. Информира дека се предвидени средби со премиерот Зоран Заев и заедничка прес-конференција, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и посета на касарната „Илинден“, како и со градоначалникот на општина Гази Баба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
