Меркел, Столтенберг и Курц неделава во Скопје
Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, во Скопје неделава доаѓаат канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Нивното доаѓање синоќа го најави премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека тоа што тројца светски државници неделава ќе го посетат Скопје е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за Македонија.
- Во среда вечер доаѓа Столтенберг, вторпат во шест месеци, во петок австрискиот канцелар Куурц, а во сабота Меркел. Доаѓањето на тројцата светски државници е признание за Македонија, позитивен сигнал. Тие ни подаваат рака за да одиме напред, истакна Заев на трибината во Берово.
Според него, и опозицијата е свесна дека ова е моментот за ЕУ и НАТО, моментот кога сите, како што нагласи, треба да бидеме заедно и да се обединиме за европска Македонија. Заев истакна дека е убеден дека македонските граѓани ќе ја препознаат и нема да ја пропуштат историската шанса што ќе ја обезбеди иднината на државата и на следните генерации.
Меркел в сабота доаѓа во Скопје, како што најави нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.
- Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, и дека Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“.
Порака за охрабрување синоќа упати и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Порача дека Македонија треба да ги искористи можностите што и се нудат и за почнување на пристапните преговори со ЕУ.
Ново на Сител
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен