Меркел: Следува пресуден викенд

Германската канцеларка Ангела Меркел ги гледа првите успеси во борбата против коронавирусот и причина за „претпазливата надеж“.
Сепак, таа и членовите на нејзиниот Кабинет едногласно ги повикаа Германците да останат претпазливи и дисциплинирани.
– Ако граѓаните продолжат да бидат дисциплинирани, германската Влада верува дека првото и мало олеснување на строгите ограничувања е можно после велигденските празници. Однесувањето на граѓаните овој викенд е пресуден фактор, рече канцеларката Ангела Меркел.
Меркел во моментов не гледа потреба од заострување на мерките за борба против епидемијата. Таа ги повика граѓаните дисциплинирано да се придржуваат кон ограничувањата за контакт за време на Велигден.
Германската канцеларка планира во среда да разговара со сојузните премиери за тоа како може да се ублажат ограничувањата во јавниот и економскиот живот. Можни се само мали чекори, и многу внимателно, вели Меркел.
Многу важна проценка врз основа на која ќе бидат разгледани овие чекори ќе биде студија на Националната академија на науките која ќе биде објавена во понеделник или вторник. Меркел јасно стави до знаење да не се очекува брзо олеснување на ограничувањата.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
