Меркел: Ситуацијата е драматична, ова мора да се запре
Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека ситуацијата во Германија е опасна.
Според неа, сегашните мерки против ширење на коронавирусот не се доволни и постои опасност од преоптоварување на одделенијата за интензивна нега во болниците.
Меркел и нејзиниот шеф на кабинет Хелге Браун му се обратија на врвот на ЦДУ со драматичен апел дека секој ден во борбата против коронавирусот е одлучувачки.
Бројот на новоинфицирани лица во Германија сега се зголемува двојно за една недела, што покажува дека мерките не се доволни и дека нема забавување на епидемиолошкиот развој.
Меркел им рече на своите сопартијци дека земјата наскоро може да се соочи со тешка состојба во врска со слободните кревети на интензивна нега.
„Овој раст мора да се запре. Ситуацијата е многу драматична”, рече таа, пренесува „Билд“.
Браун рече дека стравот од коронавирусот е намален кај населението.
Тој исто така предупреди дека во одреден момент одделот за интензивна нега ќе биде полн, поради што апелираше до граѓаните да ги намалат социјалните контакти, за да ширењето на вирусот повторно биде ставено под контрола.
За петок е планирана нова средба меѓу канцеларката Меркел и премиерите на 16 германски покраини.
Меркел најави дека овојпат сака поостри, заеднички мерки во борбата против коронавирусот.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија