Меркел се соочува со интерпелација во парламентот

Десетици пратеници на Христијанско Социјалната Унија од Баварија (ЦСУ), инаку сестринската партија на ЦДУ (Христијанско демократска Унија) на Ангела Меркел подготувуваат иницијатива за гласање доверба на германската канцеларка, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Досега предлогот за интерпелација бил потпишан од страна на десетици пратеници, а според информациите на весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг ЦСУ наредната недела треба да реши дали гласањето за интерпелација би можело да се случи на 26 јануари.
Причините за интерпелација се однесуваат на политиката на Меркел кон бегалците, за што се разговарало на последниот состанок на ЦСУ во градот Вилдбад Кројт кога 56 пратеници на ЦСУ побарале: „ Влезот во Германија да биде можен само со прикажување валидни лични документи. Во спротивно, луѓето без соодветна документација да бидат вратени на граница“.
Иницијатори за интерпелација има и во партијата на ЦДУ како пратеникот од Карлсруе Инго Веленројтер и неговиот колега од Мителстанд Кристијан фон Штетен кои што самоиницијативно работат на интерпелација за својата шефица, која што на последниот партиски конгрес доби аплауз долг над седум минути.
Аргументите на сите што се согласуваат со интерпелација за Меркел се во правец на прекршување на процедурите од законодавството за азил. Според влијателниот пратеник на ЦДУ ВОлфганг Бошбах кој што веќе се потпишал на иницијативата за интерпелација, Германија ја изгубила контролата на своите граници а истовремено постои разлика меѓу правната состојба и реалноста.
За време на парламентарната дебата за новогодишните инциденти во Келн, Бошбах добил силни аплаузи од страна на ЦСУ но не и не шефот на партијата Кудер, со што станува јасно дека и во баварската ЦСУ има поделби во врска со односот кон политиките на Меркел односно дека канцеларката се уште ужива поддршка кај голем дел од пратениците од сестринската партија, со што барањето за интерпелација може да биде безопасно за нејзината политичка иднина.
Ново на Сител
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
-

САД создаваат 12 милијарди долари залихи во руда - Македонија не ги искористува ресурсите
-

Државата размислува за изградба на државен дата-центар, но ниту една компанија не пројавила интерес за инвестиција
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
