Свет
15. September 2016 - 8:41

Меркел повика на побрзо интегрирање на бегалците кон пазарот на труд

Германија има потреба од „надежно решение“ за побрзо интегрирање на бегалците кон пазарот на труд, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со раковидителите на водечките компании, кои зедоа по околу 100 бегалци, откако во земјата минатата година пристигнаа милиони бегалци. 

Меркел, која е критикувана за политиката на отворени врати, ги повика во Берлин раководителите на највлијателните компании, со цел да одговорат на неактивноста и да понудат идеи за подобро справување. 

Многу од компаниите забележаа дека незнаењето на германски јазик ги спречува бегалците да ги покажат нивните квалитети, како и дека несигурноста за решавање на престојот во земјата означува дека фирмите немаат големи шанси да направат нешто повеќе во блиска иднина. 

- Ако е неопходно, ќе бидат разработени специјални услови, кои ќе ја забрзаат интеграцијата на бегалците кон пазарот на труд, изјави германската канцеларка за радиото „Ер-би-би“.

Таа сепак призна, дека за тоа ќе биде неопходно време. 

- Многумина од нив посетуваат интеграциски курс или чекаат да започнат со него. Така, според мене ќе треба да покажеме извесно трпение, но во скоро време треба да сме подготвени да разработиме надежно решение, забележа Меркел.