Свет
4. October 2015 - 12:21

Меркел: Неопходна е воена акција во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека е неопходно преземање на воена акција во Сирија, иако, според неа, тоа нема да доведе до прекин на војната во оваа блискоистична земја. 

- Кога станува збор за Сирија, ова го кажувам првпат, неопходна ни е воена акција. Таа нема да доведе до решение, но потребен ни е политички процес, кој сега и не се одвива многу добро, изјави Меркел во интервју за германското радио Дојчландфунк. 

Според Меркел, доколу се сака решение за граѓанската војна, во разговорите за иднината на Сирија мора да биде вклучен и режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад.

- За изнаоѓање на полиитчко решение, потребно е претставниците на сириската опозиција и на оние кои сега владеат во Дамаск, како и останатите, да остварат вистински успех во прегооврите, смета Меркел.  

Таа нагласи дека покрај западните земји, меѓу кои и Германија, Франција и Велика Британија, важна улога во разговорите за иднината на Сирија би можеле да одиграат и Русија, САД, Саудиска Арабија и Иран.

Меркел оцени и дека е потебно да се преземат мерки за запирање на насилството, кое натера голем број луѓе да ја напуштат Сирија и да се упатат кон европските држави, предизвикувајќи ја една од најголемите бегалски кризи во Европа во последниве децении.  

Говорејќи за бегалската криза, германската канцеларка во интервјуто, нагласи дека товарот од примеот на беглаците треба да го споделат сите земји-членки на ЕУ, бидејќи не смее да се дозволи тој да падне само на три-четири од нив.

Меркел при тоа го отфрли барањето на нејзинот помал коалициски партнер, баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ) за промена на германското законодвство во врска со доделувањето азил на бегалците, нагласувајќи дека Берлин нема да го намали својот ангажман за згрижување на оние кои бараат азил. 

Ново на Сител