-->
-->
Меркел не очекува Г-20 да постигне спогодба по сите прашања на состанокот оваа недела
-->

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека очекува на состанокот во Хамбург оваа недела Г-20 да се постигне широк консензус за борба против меѓународниот тероризам, но изјави дека државите од групата веројатно ќе имаат различни ставови во однос на други прашања.
- Сметам дека на крај нема да имаме заеднички ставови за сите прашања, но разумно и чесно е да разговараме за сите прашања во меѓународната дипломатија, изјави Меркел на прес-конференција.
Таа нагласи дека САД, на чело со претседателот Доналд Трамп имаат разлики со други земји во однос на некои прашања.
- Знаеме дека американската Влада поддржува одредени позиции и не очекуваме тие позиции да бидат сменети како резултат на дводневната посета на Хамбург, рече Меркел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
