Меркел ја повика ЕУ да ја подели одговорноста за мигрантите
Германскиот канцелар Ангела Меркел ги повика земјите од Европската унија да ја споделат тежината на мигрантската криза.
- Европа како целина треба да постигне напредок по тоа прашање и земјите-членки треба да ја споделат одговорноста за бегалците, кои бараат азил, истакна Меркел на прес-конференција во Берлин.
- Доколку Европа не одговори соодветно на прашањето за бегалците, таа ќе ги прекине фундаменталните врски со универзалните граѓански права, додаде Меркел.
Таа побара уште веднаш да се определат квоти за прием на мигрантите.
- Доколку не успееме да постигнеме спогодба за праведно распределување, ќе ја доведеме во прашање Шенгенската спогодба, а ние не го сакаме тоа, рече Меркел.
Според неа не е прифатливо тоа што некои земји од ЕУ изјавуваат дека не сакаат да прифатат муслимани.
- Соочени сме пред голем национален предизвик. Тоа ќе биде главниот предизвик не само следните денови или месеци, туку за долг временски период, изјави германската канцеларка во врска со приливот на имигранти и очекувањата на Германија оваа година во земјата да дојдат 800 илјади кандидати за азил.
- Загриженоста на Германија е голема, но потребно е да бидеме пофлексибилни, нагласи Меркел и додаде дека Германија е доволно силна за да се соочи со предизвиците, како што е доаѓањето на стотици илјади имигранти.
- Нашата економија е силна, пазарот на труд е стабилен и подготвен да прима уште работна сила, рече таа.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ