Свет
2. March 2018 - 14:51

Меркел и Трамп загрижени поради изјавите на Путин

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор изразија загриженост поради изјавата на Владимир Путин дека Русија развивала и ќе развива ново нуклеарно оружје.
 
- Канцеларката и претседателот се загрижени поради последнатата изјава на претседателот на Русија, Путин за развојот на оружјето и неговото негативно влијание по напорите за меѓународната контрола на оружје, изјави портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт.
 
Тој истакна дека Меркел и Трамп се согласиле и за Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации со која се бара итна примена на 30-дневниот прекин на огнот во Сирија.
 
- Се согласивме дека сирискиот режим и нивните руски и ирански сојузници треба итно и во целост да ја применат Резолуцијата 2401 на Сб на ОН. Со ова резолуција се бара моментален прекин на огнот во Сирија, истакна Зајберт.
 
Путин во вчерашниот говор за состојбата на нацијата изјави дека Русија тестирала цела низа стратешко нуклеарно оружје, што противничката страна не е е во состојба да го пресретне. Тој спомна и многу брзи подводни дронови кои имаат интерконтинентален дострел, нова хиперсонична интерконтинентална ракета „Авангард“, која лета 20 пати побрзо од звукот и „удира како метеор“, потоа уште една ракета „Сармат“, што на Запад ја нарекуваат „Сатана“, систем на хиперсонична ракета „Кинжал“, како и ласерско оружје.
 
Дел од западните медиуми говорот на Путин го оценија како „најборбен“ во последните година, пред се поради изјавата дека напад врз кој било сојузник на Москва ќе се сфати како напад врз Русија и на тој напад ќе биде одговорено.
 
Според аналитичарите изјавата на Путин за развивање на ново руско оружје какво што нема на Запад е одговор на повлекувањето на САД од Договорот за забрана на ракетната одбрана и американските обиди да развијат систем на ракетна одбрана.
 
- Никој нас не не слушаше. Сега не слушате, посочи вчера Путин.