Меркел ги повика Турција и Грција на поголем ангажман во бегалската криза
Германскиот канцелар Ангела Меркел, чија земја во моментов е исправена пред невиден наплив од бегалци, денеска ја повика Грција на поефикасно чување на надворешните граници на Европската унија и побара дијалог со Турција, преку чија територија минуваат голем број сириски мигранти, пренесоа француските медиуми.
-Грција, исто така, треба да го преземе својот дел од одговорноста во чувувањето на надворешните граници на ЕУ, што во моментов не е случај, изјави Меркел за време на конгресот на нејзината конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Берлин.
Голем дел од бегалците минуваат преку Турција пред да го преземат ризичното патување до грчките острови и така да влезат на територијата на ЕУ. Оптоварените грчки власти веќе немаат време дури ни да ги регистрираат овие бегалци, кои понатаму ја продолжуваат својата одисеја кон Македонија и Србија, а потоа кон Унгарија на патот кон нивната крајна цел - Германија, потсетуваат француските медиуми.
Берлин, кој годинава очекува рекордни 800.000 баратели на азил, исто така, иниститира на поинтензивен дијалог со Турција за заштитата на границите на ЕУ.
-Итно треба да го засилиме дијалогот со Анкара, изјави Меркел.
Канцеларот повторно подвлече дека во Германија ќе можат да останат единствено мигрантите кои имаат потреба од закрила, бидејќи побегнале од војна или прогон.
-Оние кои немаат потреба од закрила, а тука доаѓаат од економски причини, колку и да ги разбираме нивните побуди, сепак не можат да очекуват да останат кај нас. И ако тоа јасно не го кажеме нема да сме во состојба да им ја укажеме неопходната закрила на оние на кои таа навистина им е потребна, истакна Меркел.
Без директно да ги посочи канцеларката во предвид ги имаше многубројните кандидати за азил од Балканот. Околу 40 проценти од барањата за азил, што во Германија се поднесени од почетокот на годината до јули, потекнуваат токму од државјани на балканските земји. Иако во многу од случаите станува збор за лица кои биле подложени на дискриминација во своите земји, главно Роми, нивните барања речиси секогаш се отфрлаат.
Меркел на конгресот ги отфрли и критиките на својот конзервативен сојузник, ЦСУ, изјавувајќи дека прифаќањето на десетиците илјади мигранти, кои беа натрупани во Унгарија, била правилна одлука, пренесоа американските меидуми.
Ново на Сител
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација
-
Приведени три лица од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол
-
Во Скопје утре авионска дезинсекција против комарци
-
Трајков: Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети, Унијата од нас очекува конкретни резултати