-->
-->
Меркел: Германските власти нема да толерираат мешање однадвор во предизборниот натпревар
-->
Германската Влада нема да трпи обиди за мешање во предизборната борба, синоќа изјави канцеларката Ангела Меркел на настан на нејзината Демохристијанска Унија (ЦДУ) во градот Херфорд, пренесе ТАСС.
-Нема да трпиме какви и да било мешања, изјави Меркел, подвлекувајќи дека сите германски граѓани, вклучувајќи ги и оние од турско потекло, имаат право слободно да изберат една или друга партија.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини германските политички партии за непријателски однос кон Анкара и Турците во Германија ги повика да не гласаат за „непијателите на Турција“.
Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, коментарот на Ердоган го оцени како „грубо мешање“ во внатрешните работи на Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ