Свет
5. September 2015 - 12:12

Меркел: Германија може да се избори со бегалскиот бран

Германија може да се избори со рекордниот прилив на бегалци и мигранти оваа година без да го зголеми данокот и да ја загрози својата цел, а тоа е избалансиран буџет, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

- Нема да ги зголемиме даноците. Исто така, се уште имаме цел да постигнеме избалансиран буџет без нови задолжувања, истакна Меркел.

Таа нагласи дека поради таквата позиција на Берлин му е полесно да се избори со толку „неочекувани задачи“, додавајќи дека бегалската криза сега е приоритет на германската Влада.

Меркел повторно повика бегалците да бидат рамноправно распределени ширум ЕУ во рамки на заедничката стратегија за соочување со бегалската криза без преседан.

- Целиот систем треба да се преуреди, истакна германската канцеларка.