Свет
9. јуни 2018 - 21:30

Меркел: Г-7 се согласи за заедничка позиција за трговијата

 Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека лидерите на групата Г-7 се согласиле за заедничка позиција за трговијата, иако се уште постојат несогласувања меѓу нив. 

- Јас се водам од принципот дека ние ќе имаме заеднички текст, нагласи Меркел во рамките на Самитот на Г-7 во Ла Малбе, потенцирајќи дека тоа не ги решава проблемите во целост. 

- Ние имаме различни мислења со САД, додаде Меркел.