Меркел: ЕУ на самитот да изнесе реален план за Европа
Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика лидерите на ЕУ, кои денеска ќе се состанат во Братислава, без претставник на Велика Британија, да изнесат реален план за Европа кој ќе одразува „загриженост, надеж и желба“, за Алијансата.
Меркел тоа го порача пред денешниот состанок со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз, истакнувајќи дека безбедноста и просперитетот треба да го заземат централното место на самитот во словачката престолнина.
Германската канцеларка нагласи дека за моменталниот бран на џихадистичко насилство и масовниот прилив на мигранти неопходен е заеднички европски пристап.
- Мораме да ги заштитиме нашите надворешни граници и мораме да дадеме заеднички одоговор, порача таа, додавајќи дека Европа мора да одговори на загриженоста на граѓаните со цел да остане „континент на надежта“.
Оланд изјави дека целта на самитот е да се усогласи „патна мапа“ за иднината на Европа по Брегзитот, вклучително унапредување на воената моќ, поголемо инвестирање во обновливата енергија, поттик за обука и вработување на младите на континентот.
Самитот во Братислава се одржува со цел ЕУ да даде нова цел за постоење по егзистенцијалната криза предизвикана од шокантната референдумска одлика на Британците да излезат од блокот.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани