Меркел: Британија останува партнер, „Брегзит“ нема да биде во фокусот на ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел очекува Велика Британија да остане силен партнер на Европската Унија и на Германија по заминувањето од ЕУ, јавуваат германските медиуми изјава на Меркел дадена во Нирнберг.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин Меркел најавила дека Германија ќе пристапи кон преговорите за заминување на Велика Британија од ЕУ со разбирање дека таа земја и понатаму ќе продолжи да биде партнер на ЕУ и Германија.
- Ќе ги спроведеме преговорите за заминување во духот на останувањето на Британија како добар партнер. Но ние мора да се погрижиме за работите кои што ја зајакнуваат ЕУ а не да бидеме исклучиво фокусирани на преговорите за Брегзит, изјавила Меркел на настан во Нирнберг.
Преtходно британската премиерка Тереза Меј најави можност Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор доколку нејзината земја не успее да постигне прифатлив договор со Брисел.
Ново на Сител
-
Руски дрон удри во нуклеарката во Чернобил | ВИДЕО
-
МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
-
Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат по затворањето на границата во 2020 година
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
-
Дибала повторно се повреди
-
Манчестер Сити губи клучен играч до крајот на сезоната
-
Раниери лут по мечот со Порто: Судијата едвај чекаше нешто да се случи, за да му ја подари победата на противникот
-
Изгоре куќа во село Иловица, струмичко