Меркел: Бегалците не го донесоа исламскиот тероризам во Германија
Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли наводите дека приливот бегалци во текот на минатата година го донесе исламскиот екстремизам во Германија, јавија денеска американските медиуми.
- Исламскиот тероризам, што го спроведува Исламска држава (ИД), не е феномен што ни го донесоа бегалците, туку со оваа појава ние се соочувавме и порано , рече Меркел синоќа на политичкиот собир во Мекленбург, во Западна Померанија.
Германија неодамна се најде на удар на серија напади, меѓу кои два беа првите во оваа земја за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, потсетуваат американските медиуми.
Најновата анкета од минатата недела покажа дека опаѓа подршката за Меркел во споредба со минатиот месец, поради загриженоста за последиците од нејзината мигрантска политика на отворени врати и терористичките закани во земјата.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица