-->
-->
Меркел: Бајден донесе нов елан во работата на Г-7
-->
Германската канцеларка, Ангела Меркел ,изјави дека доаѓањето на Џо Бајден на власт во САД донесе нов елан во работата на Г-7.
„Изборот на Бајден за претседател на САД не значи дека повеќе немаме проблеми во светот, но можеме да работиме со нов поттик за нивно решавање“ – истакна Меркел.
Таа на маргините на Самитот на Г-7 во Корнвол се сретна со Бајден, а претходно беше најавено дека Меркел на 15 јули ќе го посети Вашингтон.
Меркел имаше недоразбирања со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи тој беше скептичен кон мултилатералните форуми како Г-7.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска