Мерење на загадувањето на воздухот во Виница
Пехчево, Берово, Делчево и Виница добија апарат кој првпат ќе го мери квалитетот на амбиенталниот воздух. Активностите се финансиски поддржани од ИПА програмата за прекугранична соработка, а ги имплементираат НВО „Амброзија“ од Пехчево и Центарот за обновливи извори на енергија од Благоевград, Бугарија.
- Мерењата кои почнаа од Берово, а продолжија во Пехчево и Делчево, денеска и утре се вршат во општина Виница. Мобилниот уред според пропишаните стандарди е поставен пред зградата на општина Виница, при што се регистрира количината на ПМ10 честичките, сулфурен диоксид, јаглероден моноксид и озон, изјави Јасмина Пашалиска Андоновска од НВО „Амброзија“.
За четирите општини од регионот, како што истакна Пашалиска Андоновска, досега се правени единечни мерења на одредени фирми, но мерењата на квалитетот на амбиенталниот воздух се прават првпат и согласно со динамиката на проектот, овие мерења освен во овие општини, ќе се спроведат и во пет општини од пограничниот регион во соседна Бугарја.
Резултатите од десетмесечните мерења ќе ги анализираат експрети, по што ќе се донесат препораки кои ќе се содржат во заедничка нискојаглеродна политика во пограничниот регион.
Досега во Источна Македонија, преку мониторинг станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање, загадувањето на воздухот се мереше само во Кочани каде оваа година се регистрирани 38 денови во кои е надминат максималниот праг на загаденост со ПМ10 честички.
Ново на Сител
-
Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите - „Ќе им бидат изречени сите максимални казни", вели Митева
-
Утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје ќе биде погребот на починатите во пожарот
-
Кочанскиот суд го продолжил притворот од 48 часа за десет лица, за шест се одлучува
-
Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
-
Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
-
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
-
Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп
-
Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите, хуманитарната акција продолжува