Мерц повеќе не верува дека ќе има средба меѓу Путин и Зеленски

Германскиот канцелар Фридрих Мерц веќе не очекува дека во блиска иднина ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски, јавува ДПА.
За време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Форт де Брегансон, неговата летна резиденција на Азурниот Брег, двајцата разговараа за дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина, рече Мерц.
-Денеска повторно мора да се справиме со тоа прашање, имајќи предвид дека очигледно нема да има средба меѓу претседателот Зеленски и претседателот Путин, рече германскиот канцелар.
Ова „е различно од тоа што беше договорено минатата недела меѓу американскиот претседател Трамп и претседателот Путин, додека бевме во Вашингтон“, рече Мерц, пренесен од германската агенција.
По телефонскиот разговор со рускиот лидер на почетокот на минатата недела, Доналд Трамп објави дека Путин се согласил да се сретне со Зеленски.
Потоа, Москва зборуваше само за подготвеноста да ги покрене претходните билатерални мировни преговори на повисоко ниво.
Украина и нејзините сојузници го обвинуваат Кремљ за застојот. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во понеделникот во Загреб изјави дека „Путин само купува време“, изразувајќи сомнеж дека средбата со Зеленски ќе се одржи.
„Ако Путин мисли дека може да купи време, тогаш погрешно пресметува бидејќи нашата поддршка нема да се намали“, рече германскиот шеф на дипломатијата за време на средбата со својот хрватски колега, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
