Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека економијата на земјата повторно расте по три години рецесија и стагнација, и покрај војните во Заливот и Украина, како и глобалните трговски спорови. Тој нагласи дека основните економски показатели го поддржуваат овој оптимизам, а рецесијата ќе биде целосно надмината до крајот на годината благодарение на добрите стапки на раст во третиот квартал.
Говорејќи на прес-конференција по дводневната владина седница во замокот Нојхарденберг во Бранденбург, Мерц истакна дека прогнозите за 2027 година се ревидираат нагоре и Германија има можност следната година да оствари раст од најмалку еден отсто. Оптимизмот го потврди и последниот извештај на институтот „Ифо“, каде што индексот на деловната клима во август неочекувано порасна за 2,1 поен на 88,8 поени, достигнувајќи го највиското ниво во последната година. Најголемата европска економија, по контракцијата во 2023 и 2024 година и минатогодишната стагнација, во вториот квартал забележа раст од 0,3 отсто.
Министерот за финансии Ларс Клингбајл посочи дека специјалниот фонд од 500 милијарди евра за инфраструктура и климатска заштита бил клучен за спречување на понатамошна рецесија. На владината седница беа отворени и значајни социјални и еколошки прашања. Канцерларот Мерц ја потврди цврстата посветеност на коалицијата за укинување на стимулациите за предвремено пензионирање, со посебен фокус на можноста позната како „пензионирање на 63 години“. Тој изрази изненадување од критиките упатени од премиерите на покраините Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија, но нагласи дека Владата ќе покаже флексибилност и дополнително ќе ги разгледа сите посебни околности и случаи на лица во тешка здравствена или физичка состојба.
Покрај пензиските реформи, Владата стави акцент и на соочувањето со последиците од екстремно високите температури во текот на летото, најавувајќи поинтензивна координација и ревизија на сите државни програми за адаптација кон климатските промени и за заштита на населението од горештините
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
