Мерц: Малку е веројатен пробив неделава за мировниот договор за Украина предложен од САД

Малку е веројатен пробив оваа недела за мировниот договор за Украина, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по денешните консултации со лидерите на Европската Унија.
– Тоа е напорен процес, рече Мерц по разговорите на маргините на самитот Европска Унија-Африканска Унија во главниот град на Ангола, Луанда. „Во најдобар случај, оваа недела ќе има мали чекори напред“, додаде тој.
Коментарите доаѓаат откако претставници на САД, Европа и Украина вчера се состанаа на разговори на високо ниво во Женева за да разговараат за новиот мировен предлог на Вашингтон за ставање крај на конфликтот.
Европските сојузници на Украина го отфрлија планот во неговата оригинална форма, кој ѝ оди во прилог на Русија пренесе ДПА. Оригиналниот документ од 28 точки би барал од Киев да ѝ отстапи големи делови од територијата на Русија и да ја ограничи големината на својата војска, меѓу другите мерки.
Сепак, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека е постигнат „значителен“ напредок во Женева. Преговарачите од САД и Украина изготвија ревидирана мировна рамка по разговорите.
Мерц рече дека „следниот чекор мора да биде Русија да дојде на маса“. „И ако тоа е можно, тогаш секој напор ќе вреди“, нагласи тој
Највисоките функционери на Европската Унија го поздравија напредокот постигнат за време на викендот, но нагласија дека треба да се работи повеќе.
– Некои прашања остануваат да се решат, но насоката е позитивна, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој претседаваше со состанокот на лидерите на ЕУ.
– Она што е важно сега е да продолжиме напред како партнери, обединети во нашата заедничка цел, додаде тој. „Мирот не може да биде привремено примирје. Мора да биде трајно решение“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, зборувајќи покрај Кошта, наведе некои од најитните грижи на ЕУ: „Територијата и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат. Само Украина, како суверена земја, може да донесува одлуки во врска со нејзините вооружени сили“.
Фон дер Лајен ја спомена и „маката на киднапираните и исчезнатите украински деца. „Секое од нив мора да се врати дома“, подвлече таа.
Претседателката на Комисијата, исто така, изјави дека утре ќе се одржат повеќе разговори со членовите на таканаречената коалиција на подготвените.
Кошта, исто така, разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред консултациите на ЕУ.
„Од голема важност е Украина да учествува во развојот на заедничката позиција на ЕУ на рамноправна основа. Ја цениме почитта“, напиша Зеленски на Х. Украинскиот претседател рече дека го информирал Кошта за преговорите во Женева и за клучните приоритети. „Продолжуваме да работиме во добра волја за да постигнеме мир за Европа“, рече Зеленски.
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, претходно изјави дека се постигнува напредок во мировниот план, при што прашањата што се однесуваат на Европа и НАТО се отстранети од нацрт-договорот.
– Ова е одлучувачки успех што го постигнавме вчера, изјави тој за радио станицата Дојчландфунк.
Министерот одби да даде дополнителни детали за разговорите, но рече дека е јасно оти ништо не може да биде договорено без Европејците и Украина.
Суверенитетот на Украина мора да биде зачуван, рече тој, тврдејќи дека само Киев може да одлучи кога и какви отстапки ќе направи.
Една од најпроблематичните точки е прашањето за можни територијални отстапки, рече Вадефул. Тековната линија на фронтот мора да биде почетна точка за преговорите, а не крајна точка.
На крајот, двете страни во конфликтот мора да бидат во можност да го поддржат договорот. Сепак, како поттикнувач на војната, Русија мора „во суштина да ги сноси последиците“, рече шефот на германската дипломатија.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
-

Инспекторите на УЈП осомничени дека примале поткуп од сопственикот на кочанската дискотека
-

Стратегијата за образование денеска поставена на ЕНЕР - јавноста може да дава предлози и препораки
-

Отворен ресурсен центар за поддршка и развој на општините
-

Младите сакаат државата да влезе во Европската Унија но се повеќе губат надеж дека тоа ќе се случи наскоро
-

Се реконструира плоштадот Крушевска република
-

Четврти фемицид годинава, аларм за институциите
-

Преглед на вестите од светот
