Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги брифираше за својот разговор со рускиот колега Владимир Путин, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц доцна синоќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера телефонски разговараше со Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија, Франција, Италија, Германија и Финска во обид да ја заврши војната во Украина.
Трамп по повикот рече дека Русија и Украина веднаш ќе почнат преговори за прекин на огнот во тригодишниот конфликт.
– Европа и Америка се многу обединети во врска со ова: Тесно ќе ја поддржиме Украина на нејзиниот пат кон примирје, напиша Мерц на X.
– Европа ќе го зголеми притисокот врз Москва со санкции. Тоа го договоривме со претседателот на САД по неговиот разговор со Путин, информира Мерц.
Киев и неговите европски сојузници вршат притисок врз Москва за постигнување безусловно примирје.
Русија, која бавно, но постојано напредува на бојното поле во Украина, претходно соопшти дека е загрижена дека Украина ќе ја искористи таквата пауза за да се реорганизира и дополнително да се вооружи.
Помошникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека Путин и Трамп не разговарале за временска рамка за примирје во Украина, но оти Трамп ја нагласил својата желба договорот да се постигне брзо.
Ново на Сител
-

Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник
-

Зеленски и Мерц го потврдија единството пред средбата на украинскиот претседател со Трамп
-

Сиљановска-Давкова и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и предновогодишна средба со нивните семејства
-

Намалена видливост поради магла на Плетвар и во Крушево
-

Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
