Мерц е шокиран од Трамп и Путин
Лидерот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц е вџашен од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за руската инвазија врз Украина.
-Тоа е класично мешање на улогите на жртва и џелат.
Ова е рускиот наратив, (претседателот Владимир) Путин со години на тој начин ги претставува работите и јас сум прилично шокиран што сега Доналд Трамп очигледно го прифати тоа, истакна Мерц.
Мерц е фаворит за германски канцелар, а неговата централно-десничарска Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) убедливо води во анкетите.
-Сега е важно европските лидери брзо да се договорат за заедничка стратегија за справување со ова прашање, истакна Мерц за подадената рака на Трамп кон Путин.
Изјавата на Мерц уследи откако Трамп директно го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за продолжување на војната, која ја почна Русија.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара