Бизнис
18. May 2016 - 19:52
МЕПСО врши реконструкција на далноводот Скопје – Тетово
По шеесетина години функционирање наместо бетонските, се поставуваат нови челично решеткасти столбови на далекуводот Скопје-Тетово. Со оваа реконстукција ќе се подобри квалитетот на снадбување со електрична енергија на тетовскиот регион што важи за еден од најголемите потрошувачи на струја во Македонија.
Оваа дaлeкуводна траса е најстара во Македониј. Има должина од 48 километри, а ќе се постават 158 нови челично решеткасти столбови како и соодветна опрема.
Инвестицијата вреди 3,5 милиони евра.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
