МЕПСО стана основач на SEE CAO, Координираната аукциска куќа на ЈИЕ
Македонскиот електропреносен систем-оператор АД МЕПСО денеска склучи договор и стана основач и содружник во SEE CAO (Координирана аукциска куќа на Југоисточна Европа) - регионална компанија која организира аукции за закуп на прекугранични расположливи далекуводни капацитети наменети за пренос на електрична енергија.
- Со пристапувањето на МЕПСО во SEE CAO дополнително се прави чекор напред со кој ќе се олесни процесот на прекугранична трговија со електрична енергија на регионално ниво. SEE CAO е создадена со цел од еден центар, во име на осум компании систем-оператори во регионот, да организира аукции за закуп на капацитети со што ќе се олесни регионалната трговија на електрична енергија, а се очекува и намалување на трошоците на учесниците на регионалниот пазар на електрична енергија, информираат од МЕПСО.
Со пристапувањето кон SEE CAO, додаваат, се реализира една од обврските преземени со ратификувањето на Договорот за основање на европската енергетска заедница.
- Со потпишување на договорот започнува подготвителен процес во кој треба да се уредат сите правни и технички аспекти за прилагодување на новиот начин на организирање на аукциите. Првата македонска граница на којаSEE CAO ќе започне да организира аукции е македонско-грчката граница и се очекува тоа да започне од почетокот на идната година. SEE CAO ќе спроведува годишни, месечни и дневни акции на расположливи преносни капацитети на македонско-грчката граница, потенцираат од МЕПСО.
SEE CAO е компанија со седиште во Подгорица, Црна Гора, а нејзини оснивачи се електропреносните систем-оператори на: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Турција и Македонија. Договорот во име на МЕПСО го склучија генералниот директор Синиша Спасов и Ненад Јовановски, заменик – генерален директор на МЕПСО кој ќе биде член на Управниот одбор на SEE CAO.
Ново на Сител
-
Приведени возачи во Куманово, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
-
Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
-
За еден месец 161 санкција за непрописно затемнување на стаклата на возилата
-
Приватните автобуси во 10 утрово ги паркираа автобусите
-
Репортажа: Една поинаква мистична Турција - Низ срцето на Анадолија со богатства под заштита на УНЕСКО
-
Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци
-
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, Макрон ја прифати
-
Уапсен поранешниот министер за одбрана на Црна Гора