-->
-->
Меноти: Тешко на Аргентина без Меси
-->

Легендарниот аргентински фудбалски тренер, човек кој во 1978 година на „гаучосите“ им ја донесе првата светска титула, Сесар Луис Меноти, рекол дека репрезентацијата ќе мора да го вложи максимумот, доколку сака без Лионел Меси да се пласира на Мундијалот во Русија. Меноти смета дека Аргентина треба да започне да гради тим за Светското првенство во 2022 година.
„Не верувам дека Аргентина нема да се пласира на Мундијалот во Русија, бидејќи таму одат пет селекции од Јужна Америка, но без Меси мора да бидеме потготвени и на тој ризик. Лично од оваа перспектива веќе би размислувал за Мундијалот во Катар и правење на нов тим“, рекол Меноти.
Меси објави дека се повлекува од репрезентацијата, неколку минути по поразот од Чиле во финалето на Копа Америка, минатиот месец.
„Понекогаш светско првенство може да освоите и случајно. Во овој момент на Аргентина и се случува она што му се случуваше на Бразил во 90-тите. Играат лошо, навистина лошо, но тогаш имаа големи имиња како Роналдињо, Ромарио, Бебето, Роналдо, Ривалдо. Сега кога тие не се тука, тимот игра тактички, но со доза на страв и голем притисок“, рекол легендарниот тренер и дополнил: „Ние го имавме Меси, но сега без Меси овој тим навистина ќе мора да започне да тренира“.
Меноти направил осврт и на претходните два големи турнири (Копа Америка Сентенарио и ЕУРО 2016) и рекол дека бил разочаран од она што имал можност да го види.
„Ниту на еден од овие турнири не видов играч кој би ме воодушевил. Ми се допадна Еквадор, не го познавам Аргентинецот кој ги тренира, но тој има вистинска идеа. Перу донекаде ги оправда своите историски идеали, повторно се обединети и се на пат да се вратат таму каде што беа, но тоа е повеќе индивидуално, отколку тимски.“
„Бразил делуваше ужасно, исто како и Англија, која загуби од Исланд. Јас не знаев дека тоа е држава, па тие имаат само 330.000 жители“, рекол Меноти, кој има коментар и за играта на Франција, односно Белгија.
„Французите играа така што само се глупираа наоколу, а Белгијците се исти како Аргентинците – еден ќе ви помогне, двајца можат да ве спасат, но тројца ќе ви донесат отказ. Ставија во ист тим 11 фантастични фудбалери, но тие како тим на прават ништо. А Португалците, па тие случајно го освоија Европското првенство“, завршил Меноти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
