-->
-->
Ин мемориам, почина познат писател
-->

Почина носителот на Нобеловата награда Ели Визел, кој го преживеао холокаустот и стана влијателен писател, соопшти Меморијалниот центар на холокаустот „Јад Вашем" во Ерусалим.
Роден во 1928 година, Визел пишуваше главно за престојот во нацистичките концентрациони логори и во 1986 година ја доби Нобелова награда за мир.
„Јад Вашем ја оплакува смртта на Ели Визел - преживеан од холокаустот, добитник на Нобеловата награда и влијателен писател", соопшти музејот на холокаустот на Твитер.
По повод смртта на Визел се огласи и американскиот претседател Барак Обама, кој меѓу другото рече дека тој бил моралниот глас на нашето време и на многу начини - совеста на светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
