Меморандум за соработка помеѓу ААВМУ и Правниот факултет „Јустинијан Први“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и Правниот факултет „Јустинијан Први“ најавија унапредување на соработката со цел размена на искуства, со што, како што соопшти ААВМУ, ја потврдуваат заедничката заложба и интерес за унапредување на високообразовната, научноистражувачка и апликативна дејност.
Со денеска склучениот меморандум за соработка се предвидува размена на искуства, знаења, едукација и усовршување кадри од областа во кои двете институции имаат кадровски и други потенцијали и интереси. Договорена е соработка за едукација и обуки, давање придонес во објавување стручни и научни трудови, експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.
- Двете институции ќе соработуваат во изработка на заеднички истражувачки проекти и ќе даваат меѓусебна поддршка во организација на семинари, научни собири, тркалезни маси и друг вид настани од заеднички интерес. Оваа соработка за вработените во Агенцијата од една страна ќе значи можност за нивна обука и стручно усовршување, но исто така во насока на реализација на наставно-научниот процес на факултетот, вработени од Агенцијата на покана на факултетот ќе имаат можност да изведуваат предавања на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“. За студентите на факултетот се отвора можност за реализирање практична настава во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, соопшти ААВМУ.
Ново на Сител
-

Народна банка: Во април годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка
-

Комисијата за финансирање и буџет го разгледува задолжувањето од 260 милиони евра, избрана најповолната понуда
-

„Спејс-Икс“ оди на берза: Чекор што може да го направи Маск прв трилионер во светот
-

Хамилтон: Се чувствувам одлично во Ферари
-

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
-

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер
