Меморандум за соработка на ревизорските тела на Македонија и Естонија
Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија Соња Ѓелова - Стојанова и претседателот на Естонската ревизорска асоцијација Мерт Мартин Аренгу денеска во Талин потпишаа Меморандум за соработка.
На средбата, како што соопштуваат, беше истакната соработката помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Естонската ревизорска асоцијација.
Претседателот на Естонската ревизорска асоцијација изрази подготвеност за соработка со Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија преку учество во заеднички проекти финансирани од ЕУ во насока на развој на електронски систем во областа на ревизијата, што ќе придонесе за унапредување на ревизијата во Република Македонија.
Идејата, наведуваат во соопштението, беше прифатена од страна на претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.
Во меѓусебната соработка активно ќе бидат вклучени и вработените во институциите од двете држави кои ќе разменуваат информации, знаење и вештини со кои ќе се зајакнат внатрешните капацитети на институциите.
На потпишувањето присуствуваа македонскиот амбасадор во Естонија Сашо Велјановски и од естонскиот амбасадор за Македонија, Даниел Шаер.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември