Меморандум за соработка меѓу Штипскиот универзитет и „Шпаркасе банка“

Соработката која и досега ја имаат Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и „Шпаркасе банка“ од денеска е официјализирана со меморандум за соработка кој го потпишаа генералниот директор на банката Глигор Бишев и ректорот на Универзитетот Блажо Боев.
Со овој договор се отвораат можности за студентите и вработените на УГД за работа на заеднички проекти меѓу двете институции во насока на размена на идеи и знаења. Според Бишев, формалното официјализирање на соработката која веќе постои покажува дека еден од најважните фактори за успех на секоја компанија се вработените.
- Од тој аспект, кадарот што се продуцира во Универзитетот „Гоце Делчев“ и останатите универзитети даваат свој придонес и во развојот на македонската економија и банкарството, и од тој аспект студентите ќе можат да доаѓаат на пракса, да ги применуваат знаењата кои ги стекнале, и тоа не само во „Шпаркасе банка“-Македонија, туку и во целата групација која е во 14 земји. Се разбира, ќе може и да ги видат и нашите искуства и, евентуално, во зависност од потребите да се вработуваат - било во банкарството, било во приватниот сектор на економијата, рече Бишев.
За ректорот на УГД-Штип, Боев, овој договор за соработка е уште една потврда за посветеноста на УГД на соработката со реалниот сектор.
- Денеска имаме особена чест да ја официјализираме соработката со „Шпаркасе банка“-Македонија, како врвна установа во областа на банкарството во Македонија и пошироко во Европа. Ние како универзитет полагаме многу во ваквите соработки во делот на реалниот сектор кој постои. Ние продуцираме кадри, но тие мора да најдат вработување во реалниот сектор. Спогодбата е реална, со реални претпоставки за тоа нашите студенти да одат на пракса во експозитурите на „Шпаркасе“ во Македонија, но и во нивните експозитури во Европа, од една страна, а од друга страна студентите да најдат работа, и тоа најдобрите студенти, бидејќи ние треба да продуцираме добри и квалитетни студенти за да можат реално да придонесат за развојот на нашата економија и нашиот бизнис, рече Боев.
Ново на Сител
-

Одбраната на Јованов: Обвинението против Михаил Јованов се темели само на тоа што е син на сопственикот на „Пулс“
-

Финансиска поддршка од 12.000 денари за новороденчињата од Општина Кисела Вода
-

Амбасадорката на Кина во посета на Свети Николе
-

Ирска вети дополнителни 125 милиони евра финансиска поддршка за Украина
-

Итен дефект на водоводна линија, утре без вода делови од Скопје
-

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата
-

Жител на Бегниште приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници
-

64-годишник измамен за сума од 1300 евра, едно лице му ветило дека ќе му помогне да земе социјална помош
