Меморандум за соработка меѓу Македонска и Турска пошта

Македонска пошта и Турска пошта потпишаа меморандум за соработка со кој се согласија да ги зајакнат компаративните предности во сите подрачја од работењето во заеднички интерес, особено преку размена на искуства.
Во документот што денеска во Истанбул, Турција го потпишаа генералниот директор на Македонска пошта Фаадис Реџепи и генералниот директор на Турска пошта Кенан Бозгејик се предвидува посебен акцент од двете управи да се става на развојот на e-commerce во Македонска пошта.
- Поддршката од Турска пошта е од големо значање за нас и ќе ни помогне за побрзо реализирање на нашите деловни планови за развој на постоечките услуги, воведување на нови услуги, особено услугите за e-commerce како можност за понатамошен развој на Македонска пошта, изјави генералниот директор на Македонска пошта Реџепи по потпишувањето на меморандумот.
Ново на Сител
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
-

Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД
-

Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
