Меланија во совршен летен фустан: Тој чини 1.000 евра, а на неа изгледа како милион долари
Првата дама на Америка, Меланија Трамп пред празниците посети детска болница во Флорида, а во текот на посетата на малите пациенти им подели подароци.
Популарната Словенка беше многу расположена, а нејзината модна комбинација потврди дека е исконска модна икона.
Носеше црно-бел пругаст фустан со асиметричен крој кој го нагласуваше струкот, а тој изгледаше одлично во комбинација со чевлите од Кристијан Лабутен. Нејзината комбинација која чинела нешто помалку од 1.000 евра ја осмислил американскиот дизајнер Адам Липес.
Адам Липес е дизајнер кој често го бира Амал Клуни, а во својата гардероба има неколку парчиња од него. Во текот на зимата познатата адвокатка го носеше неговиот капут со крзно.
Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана на шега изјави дека таа е неговата прва сопруга и додаде: „Значи, јас сум прва дама. Ок?“. На тоа стигна одговор од таборот на Меланија: „Првата дама својата титула има намера да ја користи да би им помогнала на децата, а не да продава книги“. Оваа посета во болницата и дружењето со децата потврда дека таа не го изгубила својот фокус.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила