Меланија посетила момче кое умирало и се молела за него - по неколку часа се случило висинско чудо
Првата дама по посетата во Ватикан ја посетила детската болница "Бебе Исус" во Рим каде запознала и се дружела со многу деца.
Во болницата се запознала и сликала со дете од Грција на кое очајно му требало трансплантација на срце. Првата дама го држела за рака, таа слика го обиколи целиот свет.
Меланија со децата се фотографирала и правела селфи, разговарала со нив, им ги потпишувала завоите, се шегувала и смеела со нив, а потоа заминала во капелата во болницата каде се молела за здравјето на сите болни деца.
"Изгледа дека Бог ја слушна", пренесуваат светските медиуми, а пишува Деили Меил.
Само неколку часа по нејзината посета таа на својот профил на Твитер објавила дека е пресреќна бидејќи детето кое го држело за рака добило донатор на срце.
- Штом стигнав во Белгија слушнав дека детето и неговите родители веќе нема да имаат потреба за грижа, пронајден е донатор на срце - објавила Меланија.
- Читав книга и го држев за рака тој мал херој само пред неколку часа, моето срце е преполно од среќа откако ги слушнав убавите вести - напишала таа.
Како што пренесуваат портпаролите на претседателската двојка, на Меланија оваа посета особено и паднала тешка и емотивна, а со децата зборувала на италијански. Инаку, по нејзиното пристигнување во Ватикан, специјално побарала од Папата за да и се организира оваа посета во болницата.
Ново на Сител
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод