Свет
26. December 2016 - 11:31

Мектиќ: Можно е во ЕУ да се вратат до 2.500 борци од Сирија и Ирак

Европската унија се соочува со можно враќање на до 2.500 лица, кои се бореле на страната на терористите во Сирија и Ирак, изјави босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ.

Изјавата на Мектиќ претставува реакција на тврдењето на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дека во Босна и Херцеговина би можеле да се вратат околу 1.000 исламистички борци.

Според Мектиќ, ваквите оценки на хрватската претседателка се „несериозни, неодмерени и неосновани“.

- Можно е некој намеро да ја изманипулирал хрватската претседателка давајќи и лажни податоци дека во БиХ би можеле да се вратат илјада потенцијални терористи, со цел да ја дискредитира, изјави Мектиќ при гостувањето на телевизијата Н1.  

Тој потенцира дека на неодманешниот состанок на шефовите на безбедносните служби во Брдо кај Крањ, било истакнато дека за ЕУ закана претставува враќањето на од 2.000 до 2.500 потенцијални терористи од боиштата во Сирија и Ирак.

Мектиќ истакна дека е непромислени некој да верува дека БиХ би дозволила на нејзина територија да влезат илајда потенцијални терористи.

Според Мектиќ, од боиштата во Сирија и Ирак досега во БиХ се вратиле 46 лица, од кои 20 веќе „се процесуирани“.

Тој потенцира дека според податоците на босанските власти во овие две блискоисточни земји во моментов престојуваат 115 државјани на БиХ, кои „најваројатно нема ни да се вратат“ во земјата.