-->
-->
Мексико: Црвен картон за коментаторот
-->
Главниот судија на мечот помеѓу Кото Брус и Барио Мексико, во втората лига на Костарика, му покажал црвен картон на еден коментатор, бидејќи според неговиот помошник во радио преносот премногу го кртикувал судењето.
Помошникот, Давид Карбаљо, дижејќи се покрај аут линијата, го слушнал коментаторот на телевизијата STV, Хенри де Хесус Диаз, како во преносот го критикува судењето.
„Ова беше грозна судијска одлука!Грозна! И сега линискиот судија го повикува главниот судија...да видиме што ќе се случи...да видиме што ќе покаже...“, коментирал новинарот.
Главниот судија откако се консултирал со помошникот продолжил кон коментаторката кабина и му покажал црвен картон на новинарот.
„Јас? Коментаторот? Го исклучвте коментаторот?“, викал новинарот во преносот кој одел во живо.
„Господе! Сакам да верувам дека ова е само шега.“
Но коментаторот сепак морал да го напушти своето место и покрај тоа што најавил дека ќе го тужи судијата поради кршењето на неговите права за слобода на говорот. Судијата го прекинал мечот во 54.минута се додека коментаторот не се преселил на другата страна од теренот и продолжил да коментира од трибините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени