-->
-->
Мејведер остана без титулата во ВБО?!
-->
Американскиот боксер Флојд Мејведер јуниор остана без шампионскиот појас во верзијата WBO кој го освои пред два месеци по победата над Мани Пакјао.
Појасот на Мејведер му е одземен бидејќи не платил такса, која е обврзувачка со правилата на WBO, а која се однесува на боксерите кои во ист момент се шампиони во повеќе верзии.
За да му биде официјализирана титулата Мејведер требало да уплати 200.000 долари. Инаку оваа сума преставува само 0,1 отсто од она што Мејведер го заработи од победата над Пакјао.
WBO соопшти дека спротивно на правилата е боксерите да имаат титули во повеќе тежински категории и дека Мејведер треба да одбере од која титула ќе се откаже. Мејведер, кој е најплатениот боксер во историјата на овој спорт, до петок треба да се произнесе каков е неговиот став.
„Комитетот на WBO нема алтернатива мора да престане да го признава Флојд Мејведер како WBO шампион во велтер категорија и да му ја одземе титулата поради непочитувањето на правилата на WBO“, се вели во соопштението.
Флојд Мејведер само од борбата со Мани Пакјао заработи 200 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ