Мејведер би сакал реванш со Мегрегор, но не во ММА борба
Флојд Мејведер, поранешен светски шампион во боксот, изјави дека ќе се согласи на реванш со ММА борецот Конор Мегрегор, но не во октагон, туку во боксерски меч.
Мејведер излезе од пензија во август 2017 година за да се бори против МекГрегор и победи со нокаут во десеттата рунда. МекГрегор тогаш се согласи да го направи своето деби во боксот.
Непоразениот Мејведер не е активен откако го победи Теншин Насукава на егзибициски натпревар во декември 2018 година.
– Сега работиме на некои борби во Токио, за 2020 или 2021 година. Не, нема да се натпреварувам во ММА. Мислам дека најуспешните тимови имаат предност на домашен терен во плеј-офот … Не го поправај она што не е скршено, а мојот рекорд не е срушен, изјави Мејведер за „Форбс“.
Мејвердер ги има освоено сите 50 професионални натпревари од своето деби во 1996 година и беше светски шампион во пет тежински категории.
Минатиот месец, по трет пат во последните четири години, Мекгрегор објави дека се повлекува од УФЦ, неколку недели откако рече дека реваншот со Мејведер е „неизбежен“.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта