Меј и Кени постигнаа спогодба границите на Северна Ирска да останат отворени по Брегзит
Британскиот премиер Тереза Меј и ирскиот премиер Енда Кени постигнаа спогодба да ги зачуваат економските врски и да не дозволат воведување гранична контрола меѓу Република Ирска и Северна Ирска, кога Велика Британија ќе излезе од Европската унија, јави ДПА.
Меј истакна дека таа и Кени биле едногласни дека нема да има „враќање кон границите од минатото“ и оти сакаат да ја зачуваат т.н. Заедничка територија на движење (Common Travel Area), давајќи им право на ирските и британските граѓани да патуваат меѓу двете држави без пасошка контрола, како и да гласаат на изборите во другата земја.
- Зачувувањето на отворената граница и на економските врски на Северна Ирска со Република Ирска ќе биде важен приоритет во преговорите на Лондон за Брегзит, изјави Меј по разговорот со Кени во Даблин.
Пред средбата со ирскиот премиер Меј разговараше во Кардиф за излегувањето на Велика Британија од ЕУ и за други прашања со двајца политички лидери на Северна Ирска и со премиерите на регионалните влади на Шкотска и Велс.
Британската Влада по разговорите во Кардиф објави заедничко соопштение на учесниците на средбата, во кое се посочува дека соработката меѓу Лондон и регионалните влади треба да биде зајакната пред преговорите за Брегзит, за кои Меј најави дека ќе почнат кон крајот на март.
Ново на Сител
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен