Меј: Договорот и ги отвора вратите на Македонија за НАТО и ЕУ
Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј, денеска со писмена честитка адресирана до премиерот Зоран Заев, го честиташе постигнатиот договор помеѓу Република Македонија и Република Грција, како и неговата ратификација во Собранието на Република Македонија.
- Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе енормни придобивки за двете држави, како и за поширокиот регион, стои во писмото од премиерката Тереза Меј.
Таа, во писмото додава и дека конечно после 25 годишниот спор, желбите на огромно мнозинство граѓани, кои сакаат да ја видат својата земја како членка на НАТО и ЕУ, ќе ги отвори вратите за овие аспирации.
- Како долгогодишен пријател, Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија во патот на пристапувањето кон членството во Евро-атлантскиот сојуз, како и во мирот и просперитетот, што овие аспирации, како и останатите реформи ќе го донесат за Вашата земја, и за регионот како целина, се истакнува во писмото на премиерката Меј.
Заблагодарувајќи се за гостопримството за време на нејзината посета во Скопје, премиерката на Велика Британија во писмото порачува дека се радува на претстојната средба со премиерот Заев, и со останатите премиери од регионот, на Самитот за Западен Балкан, кој ќе се одржи следниот месец во Лондон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата