Меј длабоко ожалостена поади жртвите од пожарот во Лондон
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е длабоко ожалостена од загубата на животите, при пожарот што се случи во Гринфил тауер во Лондон.
При пожарот загинаа шест лица, од кои две деца, додека над 70 се повредени.
- Премиерката е длабоко ожалостена од трагичната загуба на животите во Гринфил тауер и одблизу ја следи ситуацијата, изјави британскиот владин портпарол.
Меј побарала да се свика владина седница под претседателството на министерот задолжен за полицијата и противпожарната служба Ник Херд, со цел да биде кооридиниран одговорот и да се гарантира дека Кабинетот е подготвен да им помогне на службите за вонредна ситуација и на локалните власти, додаде британскиот портпарол.
Лондонските служби за итна помош соопштија дека лицата кои се повредени се хоспитализирани, а 20 од нив се во критична состојба.
Некои од луѓето во зградата каде избил пожарот се спушатале со јажиња од нивните станови, а други скокале од прозорци.
Лондонската полиција стравува дека во зградата има уште блокирани лица.
„Дајли мејл“ наведе, оти се смета оти причината за пожарот во Гринфил тауер е неисправен фрижидер. Весникот се повикува на изјава на жител на зградата кој го преживеал пожарот.
Тој навел дека фрижидерот експлодирал пред да избие пожарот во зградата, каде живеат 120 семејства.
Лондонската пожарникарска служба соопшти дека се уште е многу рано за да биде утврдена причината за пожарот.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога во Охрид, приведено едно лице
-
Претреси во Скопје, пронајдени дрога, оружје и муниција
-
2164 сообраќајни прекршоци изминатите три дена на територија на цела држава
-
Буџетот на Србија во дефицит од 665 милиони евра
-
Си: Белорусија е вистински пријател на Кина
-
Соработката меѓу македонската и грчката полиција во фокусот на средбата Малиос – Јанев во Атина
-
Приведен 65-годишен скопјанец за поседување пиротехника без документација
-
Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2