Меѓусебни обвинувања на Трамп и Сандерс за инцидентот во Чикаго

Водечкиот претендент кај републиканците за претседателските избори Доналд Трамп и сенаторот Берни Сандерс кој уверливо заостанува зад водечката Хилари Клинтон, во трката за номинација кај демократите, меѓусебно се обвинуваат за инцидентот во Чикаго, поради што беше откажан предизборниот митинг на Трамп.
Њујоршкиот милијардер ги обвини Сандерс и неговите најагресивни симпатизери, за предизвикување судир со неговите приврзеници, пред салата на Универзитетот во Чикаго, каде требаше да зборува.
Некои од чикашките демонстранти во изјави за американските медиуми, самите потврдија дека се симпатизери на Сандерс и дека долго време се подготвувале да го попречат настапот на Трамп во Чикаго.
Сенаторот од Вермонт, меѓутоа, го нарече Трамп „патолошки лажго„ и ги отфрлува обвинувањата дека имал врска со инцидентот.
Во изјава за Си-Ен-Ен, за случајот во Чикаго, Сандерс ги обвинува Трамп и неговите настапи, исполнети со „говор на омраза„ порачувајќи му на водечкиот републиканец дека „насилството не е прифатливо во политичкиот процес“.
Во интервју за телевизија Фокс, Трамп ги демантира сите обвинувања дека на неговите настапи доминира омразата, објаснувајќи дека во оваа кампања „постои гнев и кај двете страни„.
Самиот Сандерс, во неколку свои поранешни јавни настапи пред демократските гласачи, исто така зборуваше за „насобраниот гнев„ кај Американците кои ја подржуваат неговата кампања.
По инцидентот во Чикаго, за кого Трамп и неговиот штаб тврдат дека е „наместен„ еден дел од американските медиуми започнаа засилена кампања против милијардерот- политичар од Њујорк, обвинувајќи го и за покренување „исламофобија“ во САД и настојувајќи тој да не ја добие републиканската номинација.
Ново на Сител
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
