Македонија
22. November 2024 - 19:53
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
Обвинителството, антикорупциска и ревизорите со здружени сили против корупцијата. Трите институции денеска на заедничка маса бараа начини за подобрување на соработката. Добија поддршка и од американската амбасада – им порача дека граѓаните очекуваат резултати од работата на институциите кои откриваат и гонат корупција.
Обвинителството и антикорупциска велат дека со целокупен капацитет работат на откривање на корупцијата. Ги следеле и современите технолошки алатки за кои велат дека се почесто служат за прикривање на кривичните дела.
Според надлежните, корупцијата скапо ги чини граѓаните. Велат, тоа се изгубени инвестиции и пропуштен развој на државата.
-
Зоран Јанески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->