Mеѓународни експерти: Демаркацијата на црногорско-косовската граница според законот
Обележувањето на границата меѓу Косово и Црна Гора е извршено во целосна согласност со законот и меѓународните конвенции. Со демаркацијата, Косово нема изгубено територија.
Ова е оценката на тројцата меѓународни експерти на ад-хок комисијата, кои во изминатите две недели се сретнале со сите политички претставници, домашни експерти и жители од пограничата зона.
- По нашето истражување, констатиравме дека Државната комисија на Косово има силна правна основа и поради овој факт, ние оценуваме дека од правна гледна точка, процесот на работата на Комисијата е полноважен, изјави американскиот експерт Флечер М. Бартон.
По добивањето на извештајот на меѓународните експерти, косовската претседателка Атифете Јахјага, побара негово почитување.
- Ги повикувам институциите на Косово и политичкиот спектар да ги прифатат и да ги имаат предвид овие оценки и препораки, изјави Јахјага.
Тројцата меѓународни експерти, Американецот Бартон, Германецот Херберт Вилмес и Британецот Фред Њутн беа ангажирани од страна на претседателката Јахјага, по обвинувањата на здружената косовска опозиција дека со демаркацијата Косово губи голема површина.
На проценката веднаш реагираше Рамуш Харадинај, претседател на Алијансата за иднината на Косово, велејќи дека минало времето кога за картата на Косово одлучувале други. Отфрлајќи го извештајот на меѓународните експерти за демаркацијата, Харадинај додаде дека вистината ќе биде расветлена.
Извештајот го отфрли и Движењето „Самоопределување“, чиј лидер Висар Имери најави продолжување на протестите.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти