Меѓународната заедница вети 250 милиони долари за борба против Боко харам
Претставнци на меѓународната заедница, кои учествуваат во Донаторската конференција во седиштето на Африканската унија во Адис Абеба, ветија дека ќе издвојат 250 милиони долари за борба против исламистичкото движење Боко Харам.
- Располагаме со околу 250 милиони долари, наменети за финансирање на Мултинационалните обединети сили за борба против Боко Харам во регионот на езерото Чад, изјави Смаил Шерги, комесар на АУ за мир и безбедност.
- Нигерија достави 110 милиони долари, Европската унија учествува со 50 милиони евра, веќе добивме осум милиони долари од Велика Британија, четири милиони швајцарски франци (3,6 милиони евра) од швајцарската делегација, 1,5 милиони долари од Заедницата на државите од Сахел- Сахарскиот регион, прецизираше Шерги.
Новиот претседавач со АУ, претседателот на Чад Идрис Деби изрази надеж дека ветените сума итно ќе бидат доставена.
Со цел да се соочат со Боко харам, четирите држави околу езерото Чад, Нигерија, Камерун, Чад и Нигер, кон кои се приклучи и Бенин, создадоа Мултинационални обединети сили за интервенција од 8.700 војници, полицајци и цивили.
Ново на Сител
-
Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината
-
Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов
-
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
-
Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта