Меѓународната недела на Филозофскиот факултет
„Иновации во хуманистичките и општествените науки“ е темата со која ќе се одбележи втората Меѓународна недела организирана од Филозофскиот факултет во Скопје.
Студентите на сите три циклуси на факултетот, од 17 до 21 февруари, ќе имаат можност да слушаат предавања од еминентни професори од САД, Канада, Англија, Франција, Холандија, Норвешка, Шведска, Португалија, Германија, Полска, Австрија, Словенија, Србија, Хрватска и Бугарија за иновациите во истражувањата.
Предвидени се и работилници за користење на дигиталните технологии во науката и наставата, како и презентација на меѓународните научни проекти чиј главен координатор е Филозофскиот факултет во Скопје.
Настанот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Францискиот институт, Фондацијата „Фридрих Еберт, Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим