Меѓународна поддршка за приоритетните реформи на разузнавачките и безбедносните служби предвидени во Планот 3-6-9
Делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, одржаа средба со амбасадорот на ЕУ Семуел Жбогар, амбасадорот на САД Џес Бејли, на Велика Британија Чарлс Гарет, на Холандија Воутер Пломп, на Шведска Матс Стафансон, како и амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се разговарало за заложбите на Владата за исполнување на предвидените активности во рамките на Планот 3-6-9 во насока на „Извештајот на Прибе“, а кои се поврзани со реформите на разузнавачките и безбедносните служби.
На состанокот, групата амбасадори од земјите членки на Европската унија, како и САД, ја презентираа можноста во рамките на идните реформски активности во оваа насока да се вклучи „DCAF“ - (Демократска контрола на вооружените сили) од Женева, посебно во поддршка на процесот на зајакнување на собраниската и судската контрола врз службите.
Амбасадорите на средбата во Владата на Република Македонија искажале подготвеност на нивните влади да ги подржат овие суштински реформи во Македонија од технички и од финансиски аспект.
Премиерот Заев на состанокот потенцирал дека Владата се раководи од идејата реформата во оваа област да биде транспарентна, темелна и сеопфатна и да биде под целосна контрола на институциите.
Претседателот на македонската Влада, на состанокот се заблагодарил за можноста да се подржат реформите за зајакнување на собраниската и судската котрола на службите преку „DCAF”, истовремено укажувајќи дека и државата е подготвена да ги подржи финансиски овие реформи со сопствени средства, имајќи го предвид значењето во насока на владеење на право, почитување на основните човекови права, како и нивната улога во забрзување на евроинтегративните процеси.
Ново на Сител
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила