Меѓународна научна конференција за природно-математички науки
На Државниот универзитет во Тетово денеска беше отворена првата меѓународна научна конференција на природно-математички науки во организација на Факултетот за природно-математички науки.
На конференцијата ќе се дебатира за најновите истражувачки достигнувања, идниот развој и иновативните решенија во областа на природните науки и ИКТ.
- Овој научен собир кој за прв пат го организираме ги собра најпознатите експерти за да дискутираат за најновите истражувачки достигнувања, изгледите за идниот развој и иновативните апликации во областа на компјутерските науки, математиката, физиката, хемијата, биологијата, географијата и екологијата. Треба да се напомене дека Факултетот за природно-математички науки при Универзитетот во Тетово, веќе ги има соодветните кадри и потребното институционално искуство за успешна реализација на проекти од големо значење за природните науки, изјави проректорот за настава Решат Ќаили.
Покрај презентацијата на студии и научните достигнувања во областа на информатичката технологија, математиката, физиката и сродните науки, ќе третираат и прашања од областа на екологијата.
- Екологијата како еден од предизвиците на новиот век се соочува со изнаоѓање на ефикасни начини за заштита и унапредување на животната средина како неопходен услов за понатамошно постоење на човекот и цивилизацијата. Со менувањето на природата во согласност со тековните потреби, користењето на природните ресурси без никакви критериуми влијаеше врз загадувањето на животната средина. Затоа овие научни размислувања покрај тоа што се неопходни треба да се применуваат и од страна на надлежните органи, рече Ќаили.
На денешното отворање беше промовиран и првиот број од научното списание на Факултетот за природно-математички науки, а професорот од Албанија, Сазан Гури одржа предавање за заштитените региони во Албанија.
Ново на Сител
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември