Меѓународна конференција за управување со отпад

„Вмрежување на Македонија во светските трендови за управување со цврстиот отпад“ е темата на меѓународната конференција што ќе се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Македонска асоцијација за управување со отпад (МаСВА).
На конференцијата што е дел од твининг-проектот финансиран од ЕУ за управување со отпад (MK 12 IB EN 02), ќе бидат претставени актуелните состојби со управувањето со отпадот во земјава, како и домашните компании, експерти и здруженија кои работат во оваа област.
Првата сесија е посветена на прашањето како да се стигне до достапните фондови на ЕУ
Најавени се обраќања на ресорниот министер, за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, како и на раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје Никола Бертолини.
Покровители на конференцијата се Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.
На конференцијата и претходи тренинг-сертификациски програм за квалификации на експерти во управување со отпад. Програмата за сертификација е дизајнирана да обезбеди меѓународно признат сертификат за индивидуални професионални менаџери за управување со отпад врз основа на нивните академски достигнувања и работното искуство. Опфаќа четири нивоа на експертиза: техничко, интермедијално, напредно и интернационално. Евалуацијата ја вршат светски експерти во областа за управување со отпад.
Ново на Сител
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
