Меѓународна конференција за децентрализација и ЕУ пристапувањето

Меѓународна конференција на тема: „Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој-Децентрализација и ЕУ пристапување“ ќе се одржува денеска и утре во Скопје.
На Конференцијата ќе бидат презентирани искуства од земјите од регионот во имплементирањето на политиките за регионален и локален развој, децентрализација и ЕУ пристапувањето.
Дводневниот собир е во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со ГИЗ, Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП.
Конференцијата ќе ја отворат министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, потпретседателот на Владата на Република Македонија, Муса Џафери, претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, постојаниот претставник на УНДП во РМ, Луиза Винтон, заменик-амбасадорот на Германија, Ханс-Хелге Зандер и заменик-директорот на мисијата во амбасадата на Швајцарија, Катарина Штокер.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
